Кардиналот О’Мали ја пофали одлуката на американските законодавци за нефинансирањето абортуси

Тоа е решавачки чекор кон почитувањето на неродениот живот, а воедно и израз на желбата на американскиот народ – рече надбискупот на Бостон и претседател на Комисијата за живот при бискупската конференција на Соединетите Американски Држави, кардиналот Шон О’Мали, говорејќи за одлуката на американските законодавци дека со парите од данокот не смеат да се финансираат абортусите, како и да се укине тајната намена на дел од парите, со кои се плаќаа осигурителните компании.

До сега, всушност, некои осигурителни компании не мораше да им објаснуваат на своите клиенти за намената на нивните пари; без оглед на нивното морално или верско убедување еден дел од парите би можеле да ги наменат за заедничкиот фонд за финансирање на „услуги“ на таканаречената превенција и грижа за здравјето на жените. Со мнозинство од 249 гласови за и 179 против, законот е усвоен на 22 јануари, а кардиналот во последниве неколку недели сакаше, повикувајќи ги членовите на Конгресот, оваа одлука да го поддржат предлог законот.

Новиот закон во согласност со волјата на мнозинството Американци како и со Правото во Соединетите Држави, според кое државата не може со државните пари да го поддржува и да го промовира доброволното прекинување на бременоста, обврзувајќи ги даночноте обврзници да го финансираат тоа насилство. Поголемиот број американски даночни обврзници не сакаат нивните пари да се трошат на абортусите, исто како што не сакаат дел од парите кои се за осигурување да бидаат наменети за финансирање на абортусот – изјави кардиналот посакувајќи и Сенатот да го усвои овој закон.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот