Кардиналот Конрад Крајевски ќе отпатува во Одеса, Житомир, Харков и други места во источна Украина, соопшти Дикастеријата за служење на милосрдието.
Полскиот кардинал, префект на новата Дикастерија за служење на милосрдието (претходно позната како Апостолска милостина), ќе ја посети Украина по четврти пат во името на Светиот Отец.
За време на престојот во земјата разурната од војна, кардиналот ќе ги посети Одеса, Житомир, Харков и други места во источна Украина за да им ја пренесе близина и поддршка на различните заедници верници, свештеници и монашки заедници, како и на нивните бискупи, кои останаа во нивните места каде служат и после повеќе од 200 дена од почетокот на војната и покрај воените опасности. Во рамки на посетата, кардиналот ќе донира комбе со кое ќе се дели помош на најпотребните.
Во соопштението се наведува дека патувањето ќе биде тивко и евангелско =, желбата е да се биде со луѓето кои страдаат, да се моли и утеши секој од нив за да им се покаже дека не се сами во таа ситуација.
Ватикан њуз/к.мк