Страшните случувања кои се одвиваа на 11 септември 2001 година во центарот на Њу Јорк променија многу животи. Ние ви го пренесуваме сведоштвото на пожарникарот Том Колучи.
На 11 септември 2001 година беше ведро и сончево во Њу Јорк. Пожарникарот Том Колучи ја одработуваше својата смена во пожарникарската зграда во која што беше вработен. Се упати кон својот дом и на патот дознава за страшниот терорисички напад на зградата на Светскиот трговски ценатар (Wolrd Trade Center), популарно наречен „Twin Towers“ или „близначки“. Колучи се присетува: „Веднаш одговорните ги повикаа сите полицајци и пожарникари на местото на настанот. И јас веднаш свртев и се упатив назад во градот и веднаш се пријавив во пожарникарската станица. Ја зедовме целата своја опрема и трчавме низ градскиот автопат „Westside Highway“. Том Колучи беше искусен пожарникар со чин капетан.
Како што сведочи за католичкиот портал „Алетеија“, штом пристигнал на местото на срушениот облакодер, започнал со колегите да копа по рушевините. И додека трагале по преживеаните, се срушил и другиот облакодер. И веднаш во тој момент биле убиени многу негови колеги пожарникари, меѓу нив и пожарникарскиот капелан, католички свештеник и фрањевец фра Мајкл Јуџ кој на местото на несреќата делел на луѓето последно помазание, но и самиот тој го загубил животот.
Тоа биле пожарникарите од шестиот батаљон, Првата дивизија на пожарникарското здружение на Њу Јорк кои што инаку ја покриваат целата територија на населбата „East Village“ на островот Менхетен. „Ги познавав сите тие убиени пожарникари кои тој ден го загубија своите животи“, сведочи Колучи и опишува што најмногу му оставило впечаток: „Веројатно најмногу на што се сеќавам беше тоа на кој начин луѓето одговорија на оваа ситуација. Тоа беа пожарникарите, полицајците, персоналот на брзата помош, доктори, медицински сестри, многу луѓе кои што стигнаа на местото на настанот да дадат помош. Потоа многу луѓе прашуваа каде е Христос тој ден. Мојот одговор беше тоа дека токму овие тела се телото Христово. Христос беше присутен во тие луѓе, во сите кои тој ден дојдоа да помогнат. Тој беше со нас во нашата тага и жалост! Сметам дека токму Бог помагаше на преживеаните во оваа трагедија, во текот на деветте месеци кога копавме по рушевините, за да се види бројот на погребите и за да ја надживееме оваа жалост која што ја доживеавме. Јас сум уверен дека Бог тој ден беше со нас.“
Том продолжи: „Тој ден го видов најлошото лице на човештвото. Истовремено го гледав и надоброто лице на човештвото. Да станам свештеник ме вдахна тоа што во таа трагедија видов дека постои нешто поголемо од нашиот мал свет и дека сите сме поврзани во едно големо светско семејство. Овој живот има поголема смисла. Почувствував дека сакам да направам нешто што ќе им помага на многу луѓе.“ После трагедијата на тој кобен 11 септември и сè што понатаму се случуваше Том Колучи одлучил да стане католички свештеник. „Отсекогаш размислував за свештеничкиот позив, но трагедијата на овој терористички напад ја потврди мојата одлука. Благодарен сум му на Бог за својот благослов кој што ми го даде“, се присетил Колучи на 28 мај 2016 година ракоположен за свештеник на католичката надбискупија во Њу Јорк. Пензиониран од пожарникарската служба 2005 година, а потоа се запишал и го завршил студирањето од филозофија и теологија. „Повеќето пензионирани пожарникари денес играат голф и водат лесен живот. Но јас за себе го слушнав Божјиот глас и одлучив да го следам. Некогаш ги повикува младите, а понекогаш и мажите во поодминати години“, рече дон Том Колучи.
И пожарникарите и свештениците им помагаат на луѓето во потреба. „Во пожарникарската служба луѓето нас нè повикуваат во секое време во денот и ноќта. Никогаш не прашуваме кој се, туку одговараме на повикот, одиме и им помагаме. Во свештенството се случува истата работа. Човекот има тело и душа. Кога ќе бидеме воскреснати на последниот суд, ќе воскресне и нашето тело и нашата душа. Затоа и двете работи се важни – треба да се спасуваат и животите и душите“, објаснува дон Том Колучи. Денес свештеникот Том помага на многу луѓе да ги залечат своите животни рани, со нагласување на прашањето: „Многу луѓе ме прашуваат како да простат некому. Простувањето е многу, многу важно за човекот да може да го спаси својот живот. Затоа едноставно мораме тоа да го правиме. Затоа што ако човекот во себе го задржува бесот и болката, тие го јадат одвнатре и му го уништуваат животот. Секако, некои животни ситуации не можеме да ги заборавиме, но мораме да простиме со целото свое срце и да дозволиме Бог на крајот да им суди на луѓето кои што нè повредиле. А Бог нам не повикува да простуваме.“
Дон Том Колучи е уверен дека Бог е секогаш со оние кои страдаат, во страдањето и болките: „Нашиот Бог многу страдаше. А ние затоа мораме да имаме надеж дека имаме заедништво во една поголема слика за животот.“ И навистина, токму како што објасни свештеникот Том, сите ние поминуваме миз трагедии и разочарувања во животот, но секогаш мораме да имаме надеж, треба да бидеме луѓе на надежта и да веруваме дека конечно Бог ја води нашата историја.
Свјетло ријечи/к.мк