Како го поминува Папата летниот период?

Во среда на 5 август повторно ќе започне одржувањето на генералните аудиенции и така за папата Фрањо ќе заврши краткиот период без јавни обврски. Светиот Отец и во ова летно време „работи“ на своите следни важни обврски, почнувајќи од патувањето во Куба и САД.

За тоа како папата Фрањо ги поминува овие летни денови директно за Радио Ватикан сведочеше монсињор Џилермо Карчер папскиот церемонијар и еден од најблиските соработници на Хорхе Бергољо и пред сè истакна дека ги поминува во голем мир и радост. Секогаш, секое утро го гледам задоволен. И секогаш нешто работи, бидејќи постојано го наоѓам со раце полни со хартија и пошта; имено, тој многу држи до тоа лично да одговори на поштата. Затоа ова време го поминува во контакт со своите пријатели, најмногу затоа што сега има и повеќе време на располагање – рече монсињор Џилермо и додаде дека освен тоа, Папата чита документи и проекти за иднината.

Осврнувајќи се на патувањето на Папата во Куба и во САД, монсињорот рече дека ова година ја смета за многу убава затоа што таа е годината во која Светиот Отец ќе го „прегрне“ целиот американски континент. Беше во Јужна Америка, во септември во Куба која е во Средна Америка, а потоа во САД, во Северна Америка. Многу го сака тоа, бидејќи ќе може да направи конкретен и видлив резултат дипломатската и пасторалната работа, која помогна повторно да се воспостават дипломатски односи помеѓу Куба и САД. Мислам дека всушност тоа го прави многу интересно патувањето; освен што станува збор за пасторална посета, таа е речиси посета на благодарност на двата народа кои знаеле повторно да си пружат рака – истакна папскиот церемонијар.

На новинарска забелешка дека папата Фрањо секогаш зборува дека е пастир кој сака да оди меѓу луѓето и на прашањето колку сега му недостига таа слобода, монсињор Карчер потврди дека многу му недостига, бидејќи навикнал да оди меѓу луѓето и да биде со нив. Ги поминувал деновите посетувајќи ги сиромашните населби во Буенос Аирес, поднесувајќи го заедно со луѓето периодот на жештината, па и жртвувањето. Но, сега тоа го прикажува на Бог и го живее овој момент како нешто што може да му го даде на Господ, тој начин во службата како Папа станувајќи секогаш близу со своето срце на луѓето кои трпат и на кои жештината животот им го прави невоможен.

Потсетувајќи дека во август повторно ќе започнат да се одржуваат Генералните аудиенции тој – како што рече монсињорот – е важен момент во неделата кога Папата ќе одржи катехеза и повторно ќе го прегрне Божјиот народ, папскиот церемонијар рече дека неговата љубов со која се карактеризира станува исто така допирлива кога човекот гледа колку љубов дава и колку ја прима; колку љубов разменува… Тоа го полни со сила. Прекрасно е да се види неговиот допир со болните, таа негова човечност која може да ја пружи како и верата која ја пробудува.

На новинарска забелешка изгледа дека пијалокот мате е многу важен за Аргентинците и на прашањето го потсетува ли на неговата сакана земја, монсињор Карчер кој е Аргентинец како и папата Фрањо истакна дека тој пијалок го пие од самото детство. Кога си дете мајка ти ти дава млако мате и дури го меша со малку млеко… Така тоа станува еден вид на чај кој те следи цел живот.

Освен тоа, додаде тој е пијалок за добро друштво, создава пријателства, бидејќи секогаш се пие во друштво. Има многу длабока смисла за пријателство. Мислам дека е дел од корените и аргентинскиот идентитет. Аргентинците го доживуваат како средство за заедништво; човекот никогаш нема да земе чаша и сам да ја испие, туку тој пијалок секогаш се дели со другите. Истакнувајќи ги неговите лековите карактеристики, напомена дека тој пијалок го измислиле исусовците во текот на исусовската редукција. Мате го пронашле тие како билка со која во тоа време го лекувале алкохолизмот. А потоа станал лековит пијалок, бидејќи помага во намалувањето на холестеролот – раскажа монсињор Карчер, папскиот церемонијар.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот