Источен Тимор прославува 500-годишнина од христијанството
Во Источен Тимор наголемо се подговува за одбележувањето на 500-годишнината од евангелизацијата на земјата, а централната прослава ќе биде на Голема Богородица. По тој повод Светиот Отец за свој посебен претставник го назначи кардиналот Пиетро Паролин, државниот секретар.
Навистина е потребно соодветно и свечено да се одбележи овој настан – пишува Светиот Отец во писмото до кардиналот Паролин, потсетувајќи на доминиканците мисионери кои смело тргнале на долгиот пат, совладувајќи ги сите потешкотии, со цел на луѓето од Островот да им го донесат евангелието, каде што пристигнале заедно со Португалците во 1515 година. По осамостојувањето во 1975 година, Индонезија веднаш го окупирала Источен Тимор и беше проследено со нови и крвави борби за слобода. Од 1999 до 2002 година Источен Тимор е под надлежност на ОН, кога е прогласена и за демократска република.
Минатата година примајќи ги бискупите од Источен Тимор по повод нивната посета „Ад лимина“, Светиот Отец ги охрабри да бидат критична совест на државата, да бидат независни од политичката власт во соработка на политиката на која и се препушта загриженоста за промовирање на општото добро на општеството. Црквата треба да овозможи слободно да се навестува Евангелието, да ги заштитува вредностите кои ги примила и на кои треба да биде верна – рече тогаш папата Фрањо.
РВ/З.А.