Испратете свои молитвени накани за светата Литургија со Папата во Аперицида

Аперицида, 27.6.2013 /к.мк/ – Католиците од целиот свет можат да ги пратат сопствените молитвени накани кои ќе бидат вклучени во Литургијата која ќе ја предводи Светиот Отец, а ќе ја служи во светилиштето на Богородичното Појавување во Аперицида – Бразил.

Од Светилиштето во Аперицида порачуваат дека сите пристигнати накани ќе бидат собрани во посебна книга, која потоа ќе биде предадена на Светиот Отец. Молитвените накани треба да се испратат најдоцна до 14 јули.

Папата Фрањо на своето прво официјално патување во Бразил доаѓа по повод Светскиот Ден на Младите, кој ќе се одржи во Рио Де Жанеиро од 23 до 28 јули 2013 година. Светата Литургија во Светилтето на Богородичното Појавување ќе се служи на 24 јули со почеток во 10.30 часот по локално време.

За да испратите ваша молитвена накана кликнете тука!

(В.Н.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<