Издаден Литургискиот водич за Литургијата со папата Фрањо

Издаден Литургискиот водич за Литургијата со папата Фрањо

Одборот за литургија за посетата на папата Фрањо на Македонија го издаде Литургискиот водич кој ќе се користи за време на Светата Литургија на плоштадот „Македонија“. Во него е претставен редот на Светата Литургија, молитвите, читањата од Светото Писмо и песните кои ќе бидат изведени.

Папата Фрањо ќе ја предводи Литургијата на латински јазик. Ќе се пее мисата “De Angelis” во изведба на здружените хорови: Катедрален хор „Пресвето Срце Исусово“; Професионален хор “Про Арс“; Членови на катедралниот хор „Јосип Стадлер“ и Богословскиот хор на Врхбосанската католичка богословија „Стјепан Радовиќ“. Хоровите ќе пеат под диригиентската палка на Сашо Татарчевски, во музичка придружба на Македонската Филхармонија и оргулистот професор Марко Станушиќ. Аранжманите за оркестарот се на Дамир Имери.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот