Знаци кои ни укажуваат на недостаток на понизност

Знаци кои ни укажуваат на недостаток на понизност

Понизноста е крепост која сите треба да ја развиваме за што повеќе да се сообразиме со Христос.

Од моментот кога нашиот Свети Отец Фрањо зачекори на балконот на плоштадот Свети Петар неговите зборови и гестови ја сведочеа неговата понизност. Понизноста е крепост која сите треба да ја развиваме за што повеќе да се сообразиме со Христос. Освен тоа треба да научиме да го контролираме својот ум за тој да се стреми кон поголеми нешта како што е крепоста умереност.

Во продолжение пренесуваме извадок од духовна книга на свети Хосемарија кој може да ни помогне да го препознаеме недостатокот на понизност во својот живот.

Дозволете ми да ве потсетам на некои од очигледните знаци на недостаток на крепоста понизност:

  1. Веруваш дека секогаш можеш подобро од другите нешто да кажеш или да направиш.
  2. Секогаш сакаш работите да бидат по твое.
  3. Секогаш аргументираш – без разлика дали си во право или не – и не попушташ во расправата макар и да бидеш непристоен.
  4. Го произнесуваш своето мислење без оглед на тоа дали те прашуваат за него или не – дури и кога милосрдието тоа од тебе не го бара.
  5. Го презираш мислењето на другите.
  6. Забораваш дека сите твои таленти ти се дарувани.
  7. Одбиваш да бидеш понизен затоа што сметаш дека заслужуваш чест и почит и сметаш дека тлото по кое одиш е свето.
  8. Се поставуваш во разговор самиот себе за пример на другите.
  9. Често говориш лошо за себе за другите да те доживеат како понизна личност и да ја пофалат твојата понизност.
  10. Пронаоѓаш изговори кога ќе те опоменат.
  11. Ги сокриваш личните грешки пред шефот за тој да не го загуби доброто мислење за тебе.
  12. Уживаш да слушаш пофалби на сопствена сметка и мило ти е кога другите зборуваат добро за тебе.
  13. Те боли кога гледаш дека некој се цени повеќе од тебе.
  14. Одбиваш да извршуваш „помалку вредни“ споредни работи.
  15. Секогаш бараш прилика да те издвојат како пример.
  16. Разговорот го насочуваш така што твојата самопофалба, искреноста, вештината, престижот или работната способност да станат главна тема.
  17. Се срамиш што не поседуваш одредени материјални работи.

Свети Хосемарија моли се за нас!

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот