Злото е немоќно пред Божјата љубов
Тие луѓе биле одадени на својот повик, доброто кое го правеле служејќи на Црквата цврсто се чува во Божјите раце – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 04 ноември во базиликата Свети Петар за епископите и кардиналите кои починале во текот на годината.
Христијанската надеж е непобедлива, бидејќи ниту најголемото зло не може да ја раскине врската помеѓу Бог и човекот, па ниту смртта, која е врата кон животот, а нерушејќи го мостот помеѓу престанокот на земскиот живот и темната непозната провалија. Тоа е пораката од свети Павле, а папата Фрањо на неа ги потсети кардиналите и епископите кои со него служеа литургија за покојните браќа. Ангели и Господства, сегашност и иднина, висина, длабочина, созданија: ништо не може да не раздели од љубовта Божја. Во таа цврста вера е најдлабоката и неуништлива причина за довербата и христијанската надеж – рече Светиот Отец.
И сатанската моќ, непријателот на човекот, е немоќна пред интимното единство на љубовта помеѓу Исус и оние кои веруваат во Него. Таа стварност на верна Божја љубов кон секого од нас, ни помага ведро и силно да се соочиме со секојдневното одење, кое понекогаш е брзо, а понекогаш споро и бавно. Единствено човечкиот грев може да ја раскине таа врска, но и тогаш Бог го бара човекот, оди по него за да го обнови со него единството кое трае и после смрта, уште повеќе, својот врв го постигнува со конечната средба со Бог Отец – рече папата.
Говорејќи за сомнежот кој може да се појави кога ќе ни умре сакана личност, рече дека одговорот на тоа се наоѓа во Книгата Мудрост СИрахова: сите се во рацете на својот Создател, раката е знак на прифаќање и заштита, посебен однос на верност и почит. Тие ревни пастири, кои својот живот го посветиле на служење на Бог и браќата, се во Божја рака. Сето добро кое ќе го направиш се чува, ниту смрта не може да го уништи. Во рацете Божји се нивните денови, проткаени со радост и страдање, надежи и мака, верност на Евангелието и заземање за духовен и материјален спас на довереното стадо – објасни Светиот Отец.
Кардинали и епископи, кои починале последните месеци, биле луѓе одадени на својот повик и својата служба во Црквата, која што ја љубеле како што свршеникот ја љуби свршеницата. Бог го интересира таа љубов и таа одаденост, а не човечките ограничувања против кои треба да се бори постојано во животот – рече Папата.
Исто така и гревовите, нашите гревови, се во Божјите раце; тоа се милосрдни раце, раце ранети од љубов. Исус не случајно сакал на своите раце да ги зачува раните, туку преку нив да можеме да го почувствуваме Неговото милосрдие. А тоа е наша сила и наша надеж. Таа реалност е полна со надеж, перспектива за конечно воскресение, животот вечен, предодреден за праведниците, за оние кои го прифаќаат Божјото Слово и кои се послушни на Светиот Дух – рече папата Фрањо потикнувајќи ги присутните на молитва: Да молиме Господ и за себе за да нѐ подготви Господ за средбата со Него. Не ни е познат денот, но средбата сигурно ќе се оствари – заврши папата Фрањо.
Извор: РВ/Превод:Д.И.