Пораката на Папата: апел да се запре „неприфатливата вооружена агресија“ на Украина и зборови кои ги потсетуваат оние кои поддржуваат насилство дека го сквернават името на Бога.
Андреа Торниели
„Во името на Бога, запрете го овој масакр“ – извика папата Фрањо на на молитвата Ангел Господов во недела, 13 март, на деветгодишнината од неговиот избор за Римски епископ. Папата потсети на жртвите од Мариупол, „варварството на убивање деца, невини луѓе и беспомошни цивили“, повика да се стави крај на она што недвосмислено го дефинираше како „неприфатлива вооружена агресија“ пред „градовите да се сведат на гробишта“, се заблагодари за прифаќањето на бројните бегалци и побара од сите да ги умножат молитвените моменти за мир.
Во завршниот дел од својата порака, Фрањо употреби јасни и цврсти зборови за искривената употреба на верата со цел да се оправдаат масакрите кои се во тек: „Бог е само Бог на мирот, тој не е Бог на војната и оние кои го поддржуваат насилството го сквернават неговото име.“ Тоа се истите изрази кои во последните години многупати се користени од Папата и неговите претходници свети Иван Павле II и Бенедикт XVI, да предупредат на инструментализираната употреба на Божјото име за да се оправда омразата, насилството, тероризмот.
Но, овој пат апелот на Папата не е наменет за џихадистичкиот фундаментализам, туку за секој што мисли дека би можело да постои верска „покриеност“ – религиозно објаснување кое се нуди на верниците – за војната во Украина во која од бомби умираат христијаните кои го делат истото крштевање.
Ватикан њуз/к.мк