Повеќе од 80.000 млади, според извештаите, резервирале места во рок од еден час за молитвеното бдение со папата Лав XIV на стадионот „Стад де Франс“ во Париз. Големиот интерес доаѓа во пресрет на неговата прва апостолска посета на Франција.
Резервациите за молитвеното бдение беа отворени на 10 август напладне, кое е предвидено за 25 септември во 21:00 часот. Настанот е дел од четиридневната посета на папата Лав XIV на Франција, која ќе се одржи од 25 до 28 септември.
Бдението е наменето за млади на возраст од 17 до 35 години и ќе присуствуваат илјадници учесници на вечер посветена на молитва и средба со Папата.
Според извештаите, достапните места биле пополнети за приближно 60 минути, со повеќе од 80.000 регистрирани резервации. Бројката е особено впечатлива ако се има предвид дека „Стад де Франс“ има капацитет за повеќе од 80.000 луѓе.
Молитвеното бдение со младите ќе биде еден од главните моменти од посетата на Папата во Париз. Во неговата програма се предвидени и молитва во катедралата Нотр Дам, како и голема јавна света Литургија.
Овој извонреден одѕив го привлече вниманието за растечкиот ентузијазам меѓу младите католици да се сретнат со папата Лав XIV и да учествуваат во јавно славење на верата.
За Црквата во Франција, оваа средба се очекува да биде гоелма можност за охрабрување на младите во молитвата, мисионерското учеништво и обновеното христијанско сведоштво.
SWN /к.мк

