Затворени Светите врати во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Затворени Светите врати во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Бискупот Стојанов по повод празникот Свето Семејство, според грегоријанскиот календар, на 28 декември 2025 година служеше света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје и со посебен обред ги затвори Светите врати во скопската катедрала. Со бискупот Стојанов сослужуваше катедралниот парох о. Винко Маслаќ.

Во својата проповед, бискупот зборуваше за значењето на Светото семејство, посочувајќи дека тоа нуди важни поуки за денешните семејства, кои се соочуваат со бројни предизвици. Потоа потсети и на Јубилејната година и благодатите што ги овозможи Црквата во текот на оваа Света година.

За време на светата Литургија пееше катедралниот хор под диригентство на маестро Јулија Нелковска.

Претходно на 22 декември бискупот Стојанов ги затвори Јубилејните врати во капелата во Спомен куќата Мајка Тереза во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот