Во дворот Свети Дамас во Ватикан 36 регрути на Папската швајцарска гарда ќе положат залетва
Триесет и шест регрути на Папската швајцарска гарда ќе положат заклетва на 6 мај. Церемонијата, како и обично, ќе се одржи во Ватикан – во дворот Свети Дамас во 17.00 часот. Во контекст на прославата, на 4 мај во Апостолската палата во Ватикан ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за реконструкција на швајцарската гарда, потпишан од Светиот Престол и „Фондацијата за обнова на Папската швајцарска гарда во Ватикан“.
Церемонијата на полагање заклетва ќе се одржи во намалена форма, но ќе може да се следи во живо преку официјалната веб-страница на Папската швајцарска гарда. Ќе присуствуваат членови на семејството на регрутите кои ќе положат зклетва, како и официјални претставници на Швајцарската конфедерација, Црквата и кантонот на домаќинот Нидвалден.
Ватикан њуз/к.мк