Со Обожавање на светата Причест заврши првиот циклус интернет предавања за млади

Со Обожавање на светата Причест заврши првиот циклус интернет предавања за млади

Со обожавање на светата Причест заврши првиот циклус предавања за млади преку интернет. Од наредниот четврток започнува вториот циклус со о. Димитар Ташев.

Во четврток 3 декември 2020 година се одржа Обожавање на светата Причест за млади преку интернет во рамки на средбите за млади, кои се одржуваат секој четврток преку апликацијата ZOOM.

Обожавањето го предводеше о. Гоце Костов од парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, додека млади од повеќе парохии од Македонија, но и од Германија и Словенија се поврзаа на оваа молитва преку ZOOM апликацијата. Со оваа молитвена средба заврши првиот циклус од предавањата за млади, предводени од о. Гоце Костов, на кои младите се запознаа со Теологијата на телото според Иван Павле II и Божјиот наум за христијанскиот брак.

Циклусот предавања продолжува со о. Димитар Ташев од наредниот четврток, 10 декември 2020 година во 19.30 часот.

Заинтересираните кои сакаат да земат учество на овие средби можат да се пријават во најблиската парохија, а заинтересираните може да остварат контакт со Facebook профилите на парохиите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот