Завршија духовните вежби за свештениците

Завршија духовните вежби за свештениците

Со света Литургија и црковната химна „Тебе Боже те славиме“ на 25 септември 2020 година завршија духовните вежби за свештениците од Струмичко – скопска епархија и Скопска бискупија.

Епископот Стојанов во таа прилика му се заблагодари водителот дон Паво Јуришиќ за неговата подготвеност во ова време да дојде за потребите на Црквата во Македонија, како и за убавите предавања кои поттикнуват на длабоко размислување за свештеничкиот повик.

Духовните вежби за свештениците од Струмичко – скопска епархија и Скопска бискупија се одржуваа во Скопје од 22 до 25 септември 2020 година.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот