Животот не престанува пред гробниот камен

Ајде со сето свое срце да навлеземе во тајната, која Литургијата на Црквата ни ја нуди во пасхалното тродневие и да ги доживееме страдањата, смртта и воскресението на Исус. Тоа беше поканата на папата Фрањо упатена до верниците присутни на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.

„Тродневието започнува со Велики Четврток со сеќавањето на Тајната вечера на која Исус го нуди своето Тело и Крв во вид на леб и вино, како храна за апостолите, со заповедта да го прават секогаш тоа за негов спомен“, рече Папата. Евангелието нѐ потсетува на овој ден и на обредот миење нозе: „Исус ги мие нозете на апостолите, изразувајќи го со тоа „значењето на својот живот и своите страдања како служење на Бога и браќата“.

„Тоа се случува и при нашето крштение, кога Божјата благодат нѐ мие од гревот и се облекуваме во Христос. Тоа се случува секогаш кога се сеќаваме на Господ во Евхаристијата: влегуваме во заедница со Божјиот слуга Христос, за да бидеме послушни на неговата заповед да се љубиме како што Тој нè љуби – објасни Папата. Ако застанеме пред Светата Евхаристија без да бидеме навистина подготвени да ги измиеме нозете на другите, тогаш ние не го признаваме Телото Господово. Тоа е служењето на Исус, кој целосно се предава“.

На Велики Петок „размислуваме за тајната на Христовата смрт и му се поклонуваме на Крстот“, потсетувајќи дека „пред да го предаде духот на Отецот, Исус вели: Свршено е!“. Тоа значи, додаде Папата дека дејството на спасението се исполнило“:„Со својата пожртвуваност Исус ја преобразува најголемата неправда во најголема љубов“.„И денес постојат многу мажи и жени, вистински маченици кои го предаваат живот заедно со Исус, заради верата“, додаде Папата, потсетувајќи на „херојскиот сведок во наше време, дон Андреа Санторо, свештеник од Римската епархија и мисионер во Турција, кој пред да биде убиен во Трабзон пишува: „Ќе бидеме подготвени за спасението само тогаш кога ќе го предадеме сопственото тело. Злото на светот треба да се понесе, а болката да се сподели, примајќи ја докрај, како што направи Исус“…„Овој пример, како и на многу други наши браќа и сестри нѐ поттикнуваат и ние да го предадеме нашиот живот како дар на љубовта кон браќата, придружувајќи се на Исус“, повика Светиот Отец.

На Велика Сабота Црквата се сеќава на Христос положен во гробот, по „славната борба на крстот“, продолжи Папата. „Црквата уште еднаш се идентификува со Марија: целата нејзина вера е во неа, првата и совршена апостолка, првата и совршена вереница. Во темнината која го обвива созданието, Таа останува единствената која го држи пламенот на верата, која без никаква основа за надеж верува во Воскресението на Исус“.

За време на Велигденското бдеење „исполнети со надеж“го очекуваме враќањето на Христос, целосната манифестација на Велигден, исполнета со Христовата светлина“. Тоа е моментот кога „во темнината Христос го запалува огнот на љубовта“. „Каменот на болката е отргнат и остава простор за надеж. Тоа е големата тајна на Велигден! Во оваа света ноќ Црквата ни ја пренесува светлината на воскреснатиот“. „Христос ја победи смртта и ние заедно со Него. Нашиот живот не завршува пред каменот на еден Гроб; нашиот живот поминува надвор со надеж во Христос, кој воскресна од овој Гроб. Како христијани, ние сме повикани да бидеме утрински Чувари кои ги забележуваат знаците на Воскреснатиот, како жените и учениците пред гробот во зората на првиот ден од седмицата“.

„Ајде во овие денови на Велигденското тродневие – повика на крајот Папата – да не се ограничуваме само со сеќавањата на страдањата на Господа, туку да навлеземе во тајната и да се присоединиме кон Неговите чувства што ги има Исус Христос“ (Фил. 2,5). Тогаш нашиот Велигден ќе биде „вистински“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан
Ознаки 5). Тогаш нашиот Велигден ќе биде „вистински“. РВ/В.Н. Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, а болката да се сподели, аудиенција, Велика сабота, Велики Петок, Велики Четврток, вистински маченици кои го предаваат живот заедно со Исус, воскресени, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мкЖивотот не престанува пред гробниот камен Ајде со сето свое срце да навлеземе во тајната, додаде Папата, додаде Папата дека дејството на спасението се исполнило“:„Со својата пожртвуваност Исус ја преобразува најголемата неправда во најголема љубов“.„И денес постојат многу мажи и жени, дон Андреа Санторо, Животот не престанува пред гробниот камен Ајде со сето свое срце да навлеземе во тајната, за да бидеме послушни на неговата заповед да се љубиме како што Тој нè љуби - објасни Папата. Ако застанеме пред Светата Евхаристија без да бидеме навистина подготвени да ги измиеме нозете на другите, заради верата“, изразувајќи го со тоа „значењето на својот живот и своите страдања како служење на Бога и браќата“. „Тоа се случува и при нашето крштение, исполнета со Христовата светлина“. Тоа е моментот кога „во темнината Христос го запалува огнот на љубовта“. „Каменот на болката е отргнат и остава простор за надеж. Тоа е големата тајна на Велигден! В, Исус вели: Свршено е!“. Тоа значи, како жените и учениците пред гробот во зората на првиот ден од седмицата“. „Ајде во овие денови на Велигденското тродневие - повика на крајот Папата – да не се ограничуваме само со сеќавањата на страд, како и на многу други наши браќа и сестри нѐ поттикнуваат и ние да го предадеме нашиот живот како дар на љубовта кон браќата, како храна за апостолите, како што направи Исус“...„Овој пример, кога Божјата благодат нѐ мие од гревот и се облекуваме во Христос. Тоа се случува секогаш кога се сеќаваме на Господ во Евхаристијата: влегуваме во заедница со Божјиот слуга Христос, кој воскресна од овој Гроб. Како христијани, кој пред да биде убиен во Трабзон пишува: „Ќе бидеме подготвени за спасението само тогаш кога ќе го предадеме сопственото тело. Злото на светот треба да се понесе, кој целосно се предава“. На Велики Петок „размислуваме за тајната на Христовата смрт и му се поклонуваме на Крстот“, која без никаква основа за надеж верува во Воскресението на Исус“. За време на Велигденското бдеење „исполнети со надеж“го очекуваме враќањето на Христос, која Литургијата на Црквата ни ја нуди во пасхалното тродневие и да ги доживееме страдањата, ние сме повикани да бидеме утрински Чувари кои ги забележуваат знаците на Воскреснатиот, папа, по „славната борба на крстот“, повика Светиот Отец. На Велика Сабота Црквата се сеќава на Христос положен во гробот, потсетувајќи дека „пред да го предаде духот на Отецот, потсетувајќи на „херојскиот сведок во наше време, првата и совршена апостолка, првата и совршена вереница. Во темнината која го обвива созданието, придружувајќи се на Исус“, примајќи ја докрај, продолжи Папата. „Црквата уште еднаш се идентификува со Марија: целата нејзина вера е во неа, рече Папата. Евангелието нѐ потсетува на овој ден и на обредот миење нозе: „Исус ги мие нозете на апостолите, свештеник од Римската епархија и мисионер во Турција, смртта и воскресението на Исус. Тоа беше поканата на папата Фрањо упатена до верниците присутни на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар. „Тродневието започнува со Велики Четврток со сеќавањ, со заповедта да го прават секогаш тоа за негов спомен“, Таа останува единствената која го држи пламенот на верата, тогаш ние не го признаваме Телото Господово. Тоа е служењето на Исус, туку да навлеземе во тајната и да се присоединиме кон Неговите чувства што ги има Исус Христос“ (Фил. 2, целосната манифестација на Велигден

За авторот