Епископот Стојанов служеше Света Литургија на крајот од духовните вежби на Сестрите Евхаристинки

Епископот Стојанов служеше Света Литургија на крајот од духовните вежби на Сестрите Евхаристинки

Во сабота, 9 мај 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, служеше света Литургија во капелата на Провинцијалната куќа на Сестрите Евхаристинки во Скопје, со што завршија духовните вежби на сестрите, кои се одржаа од 3 до 9 мај.

На Светата Литургија, со епископот Стојанов сослужуваа деканот отец Зоран И. Стојанов, отец Марјан Ристов, епископски канцелар, дон Томаш Бак, парох во Куманово и Битола и скопскиот катедрален парох патер Винко Маслаќ .

Духовните вежби ги предводеше дон Томаш Бак, кој во текот на деновите ги придружуваше сестрите преку духовни размислувања, молитва и подготовка за обновување на нивното монашко послание.

Завршната Литургија беше можност за благодарност за деновите на духовна обнова, молитвено заедништво и продлабочување на посветениот живот на Сестрите Евхаристинки, чија харизма е особено поврзана со љубовта кон Исус во Пресветата Евхаристија и служењето во Црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот