Епископот Стојанов предводеше молитвена средба во Паљурци

Епископот Стојанов предводеше молитвена средба во Паљурци

Молитвена средба во Паљурци по повод празникот Преобраќање на свети апостол Павле, која ја предводеше епископот Стојанов.

На празникот Преобраќање на свети апостол Павле во Паљурци (врз темелите на идниот храм) на 25 јануари 2023 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше молитвата Шести час, а о. д-р Зоран И. Стојанов, ректор на светилиштето во Паљурци ја преводеше Бројаницата во чест на Марија од Назарет. На молитвата во Паљурци на епископот Стојанов му се придружија свештеници од Струмичко – скопската епархија.

На молитвениот настан, покрај верниците од повеќе парохии, учество зедоа и сестрите Евахристинки, предводени од провинцијалната сестра Бернардина Атанасова, како и претставници на црковните движења присутни во Македонија.

Овој молитвен настан е во организација на о. д-р Зоран И. Стојанов ректор на светилиштето и о. Тома Ангелов, парох во Богданци.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот