Епископот Стојанов го прими новото раководство на Сестрите Евхаристинки во Македонија

Епископот Стојанов го прими новото раководство на Сестрите Евхаристинки во Македонија

На 01 јули 2024 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Бискупската резиденција на Водно во Скопје го прими новото Провинцијално раководство на Сестрите Евхаристинки: С. М. Бернардина Сирачева, провинцијална настојателка, с. М. Стефанија Георгиева, провинцијална асистентка – викарија, с. М. Лидија Манолева, провинцијална асистентка.

По тој повод Неговото Преосвештенство им посака успех во служењето на Провинцијата на Божјото провидение под покровителство на Исус во Пресветата Евхаристија и им го подели својот Архиерејски благослов.

Новата провинцијална управа во Провинцијата на Божјото провидение во Македонија беше именувана од Генералната настојателка на Сестрите Евхаристинки, чесна мајка с. М. Јоана Тончева, на 17 јуни 2024 година, при Генералното заседание.

Провинцијалната управа ја презема должноста од денес, 01 јули 2024 година во пресрет на празникот Пресвета Евхаристија според јулијанскиот календар.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот