Епископот Стојанов ги отвори јубилејните врати во струмичката катедрала

Епископот Стојанов ги отвори јубилејните врати во струмичката катедрала

Пред почетокот на божиќната света Литургија, во вечерните часови на 6 јануари 2025 година, епископот Стојанов свечено ги отвори јубилејните врати во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

На свеченоста следуваше процесија, која застана пред затворените врати на катедралата, каде што започна обредот „Отворање на јубилејните врати“. По воведните молитви епископот Стојанов рече: „Овој обред за нас е вовед во богато искуство на благодат и милосрдие, за да бидеме секогаш подготвени да одговориме на секој што ќе побара од нас објаснување за надежта која е во нас, особено во ова време на војни, немири и нереди“ и додаде дека Христос е нашиот мир и нашата надеж, посакувајќи Тој да ни биде придружник во оваа година на благодат и утеха, а Светиот Дух, кој денес го започнува ова дело во нас и со нас, нека заврши сè до денот на Христос Исус.

Откако беше прочитано Евангелието и извадоци од булата на папата Фрањо за отворање на редовниот Јубилеј Spes non confundit, (Надежта не разочарува), епископот Стојанов го подигна крстот покажувајќи го на народот рече: „Здраво, Крсту Христов, единствена надеж“, по што народот одговори пеејќи. На Твојот Крст се поклонуваме, Владико и Твоето Свето Воскресение го славиме!

Потоа епископот Стојанов ги отвори јубилејните врати и откако ја благослови водата ги пороси присутните верници го започна божиќното евхаристиско славење.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот