Европскиот шампион Реал Мадрид го однесе трофејот од Лигата на шампионите пред Богородица

Европскиот шампион Реал Мадрид го однесе трофејот од Лигата на шампионите пред Богородица

Традиционално кога Реал Мадрид ќе освои важна титула, го носат својот трофеј во знак на благодарност на Богородица од Алмудена, заштитничката на градот Мадрид. Оваа година Реал Мадрид ги освои и шпанската Ла Лига и Европската Лига на шампиони, а двата пехари беа донесени пред статуата на Пресвета Богородица во катедралата на шпанската престолнина, пишува InfoCatólica.

Катедралата Алмудена, Santa María la Real de La Almudena, е првата станица на Реал Мадрид при посетата на различни институции. Тимот им ја понуди четиринаесеттата титула во Лигата на шампионите и 35. шпанска Ла Лига на заштитничката на Мадрид – по победата над Ливерпул во финалето одиграно во Париз во неделата вечерта, на 29 мај. Тие беа примени од надбискупот на шпанската престолнина Карлос Осоро.

Додека беа во катедралата, играчите одеа еден по еден кон олтарот додека Марсело Виеира да Силва Јуниор и Карим Мостафа Бензема го носеа трофејот од Лигата на шампионите кој го оставија над амвонот пред да започнат со нивните говори. Исто така, трофејот во Ла Лига го носеа Лука Модриќ и Начо Фернандез.

Надбискупот од Мадрид, кардинал Карлос Осоро, им посвети неколку зборови на присутните играчи и членови на тимот: „Реал Мадрид е култура на средба, тим. Ви благодарам од сѐ срце што го пренесувате името на Мадрид на сите континенти“.

Се огласи и претседателот на клубот Флорентино Перез, кој рече дека „оваа група на големи спортисти е репер за светот и пример за илјадници момчиња и девојчиња“. Тој напомена дека тимот „даде сѐ“ за да го оствари сонот на навивачите на Мадрид. Тој додаде: „Европскиот трофеј е кулминација на една незаборавна сезона, во која ја освоивме по 35. пат Ла Лига и ја вративме наклонетоста на навивачите на Сантијаго Бернабе по две години пандемија“.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот