Европска годишна средба на Радио Марија

Европска годишна средба на Радио Марија

Од 19 до 21 март 2019 година во Ерба, Северна Италија се одржа Европска годишна средба на директорите и претседателите на Радио Марија во Европа. На средбата учество зеде и Радио Марија Македонија, преставувано од директорот о. Гоце Костов.

На првиот ден од средбата, 19 март, после претставувањето на присутните учесници се зборуваше за заклучоците од Светската годишна средба во Колеваленца, како и планот за развој на радиото 2019-2021 година. Потоа беше преставена темата на Маријатон 2019: „Исус е Господ“, како и проектите и целите, меѓу кои е и Радио Марија Македонија.

Во попладневните часови од првиот ден беа разменувани искуства на тема: „Радио Марија – радио за преобраќање“, како и “Свештеникот директор: добар пастир или менаџер?“

На вториот ден, 20 март присутните имаа можност да ја слушнат видео пораката до Радио Марија упатена од отец Фабрицио Мерони, директор на католичката агенција за инфорамирање Фидес, а по повод месец октомври, месецот на мисиите. Потоа присутните дискутираа за мокжните активности и искуства за месец октомври. Во попладневните часови отец Ливио Фанзага, еденод основачите на Радио Марија, се сретна со директорите од Европа, а потоа во капелата на Радио Марија Италија заедно служеа света Литургија.

На средбата исто така беше претставена најновата технологија во развој за Радио Марија, а се работи за АЛЕКСА виртуелен асистент, кој се управува со говор.

Третиот ден од средбата, 21 март беше наменет за духовна обнова и при што го посетија светилиштето на свети Иван XXIII, во неговиот роден град Сото ил Монте. Таму директорите и претседателите на Радио Марија здруженијата од Европа молеа Света Бројаница, свештениците служеа света Литургија во парохиската црква, а отец Емон Макарти, директор на Радио Марија Ирска одржа духовно предавање. Духовната обнова заврши со посета на родната куќа на свети Иван XXIII и Бројаница на Божјото милосрдие.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот