Духовната мрзеливост го уништува апостолскиот жар

Умртвените христијани не прават добро на Црквата – истакна папата Фрањо во проповедта во вторник 21 април на светата Литургија во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека човек не треба да се губи во формалностите, туку треба да се победи духовната тромост и лично да се зазема за навестување на Евангелието.

Папата во проповедта се осврна на извадокот од Евангелието, во кој се зборува за болниот човек, кој боледува 38 години и како покрај бањата чекаше оздравување. Се јадосуваше, бидејќи не можеше така брзо да влезе во водата и секогаш некој пред него ќе влезеше. Доаѓа Исус и му заповедува да стане и да оди. Тоа чудо предизвика критика од страна на фарисеите, бидејќи беше сабота, неработен ден. Во овој извадок од евангелието се опишани две опасни духовни болести, а би било добро за нив да размислиме – забележа папата Фрањо.

Мислам на бројните христијани, на многуте католици: на католиците без жар, па дури и скиснати! Да, ваков е животот…, меѓутоа Црквата… Одам на Литургија секоја недела, но подобро е да не се мешам, верувам за својата душа, не чувствувам потреба на другиот да ја пренесувам верата… Секој во својата куќа, мирен живот… Ако нешто направиш, те прекоруваат: Не, подобро е вака, немој да ризикуваш… Тоа е болеста на тромост, христијанската тромост, која го убива апостолскиот жар, христијаните ги прави неподвижни, мирни, меѓутоа не во добра смисла на зборот: нив не ги интересира навестувањето на Евангелието; нечувствителни личности – заклучи Светиот Отец.

Анестезијата е негативно искуство – додаде Папата. Немешањето постанува духовна тромост. Тромоста е тага: таквите христијани се жалосни, не се весели лица, негативни се. Христијани без апостолски жар не служат на Црквата и не ѝ прават добро. А колку има такви христијани, егоисти? Тоа е гревот на мрзеливост, кој се противи на апостолскиот жар на другите да им се посредува новоста на Евангелието, која бесплатно ја примивме – забележа Папата додавајќи:

Во овој евангелски извадок забележуваме уште еден грев, а тоа е критиката упатена до Исус бидејќи во сабота го оздрави болниот. Тоа е гревот на формалноста. Христијани се спротивставуваат на делувањето на Божјата милост. Христијанскиот живот, според нив, да ги има сите документи и потврди, е во ред. Таквите христијани се лицемери како овие од Евангелието. Нив единствени ги интересираше формалностите. Беше сабота? Во сабота не може да се прават чуда; Божјата милост не може да делува во сабота. Таквите ја затвораат вратата пред Божјата милост! Први се, со гревот на мрзливоста, немаат апостолски жар, бидејќи се затвориле во себе, во своите жалења, во својата мрзливост и слично. Тие, значи, не се способни да носат спасение бидејќи на спасението му ја затвораат вратата – заклучи папата Фрањо и продолжи.

На нив им се важни единствено формалностите. Не се може – тоа е нивниот најмил збор. Такви среќаваме и ние, а и ние често се заразуваме со мрзливоста, или сме лицемери како фарисеите. Тие искушенија нè опседнуваат, а треба да ги познаваме, за да би можеле од истите да се одбраниме. Пред тие искушенија, пред таа полска болница, што беше ознака на Црквата, пред толкавиот „ранет народ“, Исус се приближува и вели: Сакаш ли да оздравиш? И го оздравува фатениот. Милоста е семоќна. А дури кога Исус повторно ќе го здогледа болниот, му вели: Не греши повеќе – потсети Папата додавајќи: Два христијански збора: ’Сакаш ли да оздравиш?’ и ’не греши повеќе’. Исус најпрво го оздравува фатениот, а потоа вели не греши повеќе. Зборовите се изговорени нежно, со љубов. Тоа е христијанскиот пат, патот на апостолската ревност: приближување до луѓето, до ранетите во полска болница, често од црковните луѓе. Да се упати братски или сестрински збор: Сакаш ли да оздравиш? А потоа, одејќи напред, не греши повеќе…, бидејќи тоа не ти прави добро. Вака е многу подобро: Исусовите зборови се поубави од тромавото или лицемерно однесување – заклучи Светиот Отец.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот