Донација од Амбасадата на Суверениот Ред на Малта на медицински апарати и опрема за потребите на Општата Болница во Гевгелија
Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија, Неговата Екселенција Франческо Саверио Џуисти, на 17 ноември 2023 година донираше ECG апарат, аспиратор за сукција, апарат за притисок, куфери за ампуларна терапија, сет шанцови кравати, сет имобилизатори, имобилизатори за глава, фиксационен систем, прегледен кревет, телескопски параван, сталки за инфузија за потребите на Итната медицинска помош која е дел на Општата Болница во Гевгелија.
Церемонијата за донација на медицинските апарати и опрема се одржа во просториите на Општата Болница во Гевгелија во присуство на Амбасадорот Џуисти, Директорот на болницата д-р Александар Киров како и останатиот персонал на болницата. На состанокот беше договорено дека и во текот на следната година Амбасадата ќе продолжи да ја поддржува болницата.
Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата.
Според повеќе од 900 годишната традиција на Суверениот Воен Ред на Малта, амбасадата во Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата со посебни потреби.