Должни сме Бог да го донесеме во светот, а светот кон Бог

Келн, 12.6.2013 /к.мк/ -Сите ние сме должни Бог да го донесеме во светот, а светот кон Бог – истакна папата Фрањо во пораката по повод завршувањето на Евхаристискиот конгрес во Келн, кој се одржа од 5-9 јуни под мотото:„Господи, кај кого да одиме”. Се славеше света Литургија која присуствуваа и бројни католици од соседните држави, а ја предводеше Паул Јосеф Кордес, официјален преставник на Папата.

Господи, кај кого да одиме? И ние, членовите на Црквата, мораме да си го поставиме истото прашање, а нашиот одговор, како и одговорот на апостол Петар, може да биде единствено Исус Христос, кој живееше пред две илјади години, а ние и денес можеме да го сретнеме ако го слушаме неговото Слово и ако сме му близу, посебно во Евхаристијата – вели Светиот Отец повикувајќи светата Евхаристија да не биде рутински чин, туку се повеќе да црпиме од нејзините длабочини.

Токму Евхаристијата не вклучува во неизмерното дело на Христовото спасение, својот духовен живот да го усовршуваме според неговата љубов, по неговото пророштво со кое во салата на Последната вечера, започна да се себедарува на Крстот, по неговата непобитна победа над смртта и гревот, која гордо и радосно ја навестуваме. Треба значи, да се научиме да ја живееме Евхаристијата, како што зборуваше блажен Иван Павле II. Во тоа нас ни помагаат и не води обожавањето пред евхаристискиот Господ во светото хранилиште и светата исповед – истакна Папата.

Истото прашање си го поставуваат и многу наши современици, кои сеуште го бараат Отецот на Исус Христос. На нив Откупителот сака да им излезе во пресрет преку нас, кои благодарејќи на крштението станавме негови браќа и сестри и кои во Евхаристијата примивме сила заедно со Него да го носиме неговото спасително послание. Нашето сведоштво ќе ги запали, како што Христос не запали. Сите ние, епископи, свештеници, монаси и лаици мораме Бог да го донесеме во светот, а светот кон Бог. Да се сретне Христос, да се довериш на Христос, да го навестуваш Христос, тоа се стожерите на нашата вера кои секогаш одново се слеваат во жариштето на Евхаристијата – заклучи Папата Фрањо. (Б.У.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<