Добро е да се мисли на смртта, тоа е средба со Господ

Добро е да се мисли на смртта, тоа е средба со Господ

Да размислуваме за крајот на светот и за крајот на секој од нас: тоа е повикот кој и денес Црквата ни го упатува преку Евангелието, кое папата Фрањо го протолкува на светата Литургија во домот Света Марта во петок 17 ноември 2017 година. Библиските читања ни зборуваат за вообичаениот живот на луѓето пред општиот потоп во времето на Лот: јаделе, пиеле, купувале, продавале, се женеле, мажеле… а тогаш како молња дојде денот кога се покажа Синот човечки и работите се измениле – рече Папата.

Црквата, која е мајка сака секој од нас да мисли на својата смрт. Сите сме навикнати на вообичаениот живот, време, обврски, работа, моменти на одмор и мислиме дека постојано ќе биде така. Еден ден ќе нѐ повика Исус и ќе рече: „Дојдете!“ За некој тој повик ќе биде изненадување, за други после некоја долга болест…, не знаеме каков ќе биде крајот. Но повикот сигурно ќе дојде – рече Папата. И тоа ќе биде изненадување, а после тоа ќе има уште едно изненадување од Господ: вечниот живот. Поради тоа „Црквата овие денови ни зборува: застанете малку, размислете за смртта„. Папата опиша што обично се случува: учество на обредот пред погребот или доаѓање на погреб, тоа се општествени настани, се оди, се разговара со други луѓе во некои случаи се јаде и пие: „тоа се уште некои средби кои ни помагаат да не размислуваме за смртта“ – истакна Папата.

Денес Црквата и Господ со целата добрина на секој од нас му кажува: „Запрете, застанете, нема да е вака секој ден. Не навикнувајте се како ова да е вечност. Ќе дојде денот кога ќе ве однесат, а другите ќе останат, кога еден ќе го земат, а другиот ќе го остават. Мораме да одиме со Господ, да мислиме и на тоа дека нашиот живот има крај. А тоа е добро – предупреди Светиот Отец.

Добро е на почетокот од работниот ден, на пример да можеме да помислиме: „Можеби денес е последниот ден, не го знаеме тоа со сигурност, но добро ќе ја завршиме работата.“ Така мора да биде во семејните односи или кога одиме на лекар.

„Размислувањето за смртта не е лошо фантазирање, тоа е реалност – истакна папата Фрањо и додаде: Дали е лошо или не, тоа зависи од нас, што ние мислиме за неа – за она што ќе биде, ќе биде. А всушност таму ќе биде средбата со Господ, тоа ќе биде убавината на смртта, средба со Господ, Он ќе биде тој кој ќе ни дојде во пресрет, Он ќе каже: Дојдете, дојдете, благословени од мојот Отец, дојдете кај Мене.“

И кога Господ ќе нѐ повика нема да има повеќе време за решавање на нашите работи. Потоа Папата наведе еден пример за средба со свештеник кој му раскажал дека неодамна лошо се чувствувал, отишол на лекар, и тој после прегледот му рекол: „Вие имате тоа и тоа, тоа е лоша работа, но можеби сѐ уште имаме време да го запреме тоа; ќе го направиме тоа и тоа, ако тоа не го запреме, ќе направиме друга работа, а ако ниту тогаш не го запреме ќе продолжиме заедно да одиме и јас ќе Ве придружувам сѐ до крајот.“

Така и ние – поттикна Светиот Отец на крајот – да се придружуваме едни со други, да направиме сѐ, но секогаш да гледаме на другата страна, на денот кога „Господ ќе дојде да нѐ земе и да нѐ одведе со себе.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот