Дијалог за мир: Државниот врв на Босна и Херцеговина во посета на Ватикан

Дијалог за мир: Државниот врв на Босна и Херцеговина во посета на Ватикан

Папата Лав XIV во понеделник, 9 март 2026 година, го прими на аудиенција во Апостолската палата колективното, тричлено Претседателство на Босна и Херцеговина. Во центар на разговорите во Ватикан беа кревката стабилност на Западен Балкан, како и влијанието на глобалните жаришта на кризи во Украина и на Блискиот Исток врз регионот.

По средбата со Папата, делегацијата, составена од актуелниот претседавач Жељко Комшиќ, како и од Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, оствари дополнителни дипломатски разговори со надбискупот Пол Ричард Галагер, ватикански секретар за односи со државите.

Фокус на инклузија и правна еднаквост

Во официјалното соопштение на Прес-службата на Ватикан беше истакнат „срдечниот карактер“ на разговорите. Една од клучните теми била потребата од „инклузивен и конструктивен дијалог“. Само така, се наведува, може да се обезбеди трајната стабилност на земјата и „социјалната и правната еднаквост на сите конститутивни народи“.

Прашањето за претставувањето и правата на различните групи во земјата (Бошњаци, Срби и Хрвати) и понатаму често предизвикува политички тензии и блокади.

Загриженост за регионалната безбедност

Покрај внатрешните прашања, соговорниците посветиле внимание и на меѓународната состојба. Двете страни изразиле загриженост за безбедноста на Западен Балкан, која би можела да биде загрозена од „повратните ефекти на тековните конфликти во Украина и на Блискиот Исток“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот