Во вторник, 07 јули 2020 година, директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, оствари посета на Здружението Лидија – срце што чука во нивната канцеларија во Скопје и се сретна со директорката на здружението г-ѓа Светлана Јованова и советничката Александра Петровска.
„Животот почнува од моментот на зачнувањето и секое дете има право да живее“, е заеднички став на соговорниците. Мајката е слободна сама да ја донесе одлуката, но истовремено треба да биде запознаена и со последиците од абортусот. Директорот на Каритас, во таа пригода, потсети на нашата голема сограѓанка Мајка Тереза, која во своето обраќање при примање на Нобеловата награда за мир, го спомнува големото зло на современото општество: „Најголем рушител на мирот денес е крикот на невиното неродено дете.“ Разменети се искуства од ова подрачје и изразена е радост и подготвеност за понатамошна соработка.
Здружението Лидија – срце што чука е организација која веќе долга низа на години работи за помош на жените кои се во бременост, како и со жените кои се борат со последиците од прекинувањето на бременоста.
к.мк
Македонски Каритас продолжува да помага и во време на Ковид-19 кризата