Во сите бискупии во светот, на 24 март 2018 година се одбележува 26. Светски ден на молитва и пост во спомен на мисионерите маченици. Денот се поклопува со годишнината од убиството на блажен Оскар Арнулф Ромеро, надбискуп на Сан Салвадор.
„Мачеништвото на значи да се загуби животот, туку да се живее за одредена причина,дарувајќи се за на другите.“ Уверен во тоа Џовани Рока, национален секретар на Мисионерското движење на млади, организација која припаѓа на Папските мисиски дела, а на која веќе 26 години и се доврува Денот на пост и молитва во спомен на мисионерите маченици. Овогодинешната тема гласи „Повикани на живот“, а сака на посебен начин да ги вклучи младите кои се растресени и често исплашени, поттикнувајќи ги храбро да го навестуваат Евангелието, и тоа не со големи зборови, туку со гестови на средба, солидарност и помош на оние во потреба. Затоа денес во многу цркви во светот, но и на улиците, во трговските центри, во селата во земјите маченички, ќе се моли за дарот на животот живеен според милостите на Светиот Дух, потсетувајќи се на оние кои си заминале пред нас.
Тој Светски ден кој драгиот папа Фрањо го поддржува се совпаѓа со годишнината од мачеништвото на Оскар Арнулф Ромеро надбискуп на Сан Салвадор кој од омраза кон верата на 24 март 1980 година го убила војската на Сан Салвадор додека служел света Литургија. Надбискупот Ромеро кој е прогласен за блажен на 23 мај 2015 година наскоро ќе биде вброен меѓу светците на Католичката црква. На 7 март 2018 година Папата ја овласти Конгрегацијата за прогласување на светци да објави декрет за чудото кое се препишува на застапништвото на надбискупот Ромеро кој ќе биде канонизиран заедно со папата Павле VI.
„Ревносен пастир кој по Исусовиот пример избрал да биде меѓу својот народ, посебно меѓу сиромашните и угнетените, па и по цена на животот,“ така го опиша Светиот Отец кој е уверен дека денес од било кога на Црквата и требаат мачениците, сведоците, светците на секојдневниот живот кој го живеат доследно.
Како и секоја година по повод Денот на молитва и пост, Мисионерското движење на млади претстави конкретен проект за да им се помогне на луѓето во Централна Африка, земја која е измачена од граѓанската војна и во која неуморно работат многу млади мисионери, на Бога посветени лица и верници лаици. Проектот вклучува испраќање средства и набавка на материјали за да се поддржи Центарот за напредок на жената „Giacinto Bianchi“ кој во 2011 година во надбискупијата Банги го основа Конгрегацијата на сестрите ќерки на Мисонерката Марија, а кој работи на описменување и оспособување на младите за одредени работи, посебно самохраните мајки и жените со различни веросиповеди. Целта е да се отстранат од улицата, да се им се обезбеди иднината, гарантирајќи им ја преку курсови за оспособување и со финансиската поддршка нивниот интегрален развој.
РВ/к.мк