Да чекориме со надеж кон зајдисонцето на животот
Илјадници верници ги преполнија улиците и патеките меѓу гробовите на историските гробишта Верано во Рим, во петокот 1 ноември за да присуствуваат на светата Литургијата, која ја служеше папата Фрањо и каде се помоли за покојните. На таа Литургија во предвечерјето на празникот Задушница, папата Фрањо го продолжи обичајот, папата на гробишта да моли за покојните, традиција која во ноември 1993 година ја започна блажениот папа Иван Павле ІІ.
На Литургијата присуствуваше и кардинал, Агостини Валини, викар на римската епархија. „Денес е ден на надежта, бидејќи нашите браќа и сестри се пред Бог – рече Папата. Ако чекориме по патиштата на Господ и ние ќе ја добиеме таа милост.
„Првите христијани ја опишуваа надежта како котва, а животот е закотвен на оној брег кон кој сите чекориме“, рече Папата. „Да имаш срце, закотвено таму, каде што се нашите блиски, нашите претците, светците и Исус. Каде што е Бог. Тоа е надежта, која никој не разочарува!“
Надежта е како квасец кој ја раширува душата – продолжи Светиот Отец во својата проповед, при тоа говорејќи без текст во рацете. Има и тешки моменти во животот, но со надежта, душата продолжува да чекори напред.
Импресиониран од прекрасно тополо и обоено ноемвриско зајдисонце, Папата го продолжи своето размислување: “На ова зајдисонце, секој од нас може да размислува и за зајдисонцето на својот живот: Какво ќе биде моето зајдисонце, твоето зајдисонце … Сите нè очекува крајот на животот! Но дали гледаме со надеж кон него? Гледаме ли со радост, дека ќе бидеме примени од Господ? Тоа е она христијанското”.
Денес е ден на радоста, но за една мирна радост, која носи мир – заврши Папата. Да размислиме за залезот на нашите браќа и сестри и за нашето зајдисонце, кое нè чека со прашањето: „Каде е закотвено моето срце?”
На крајот папата Фрањо упати посебна молитва за емигрантите, кои во нивната потрага за подобар живот се обидуваат да дојдат во западно европските земји.
Извор: РВ/Превод: го*ко