Да разликуваме што доаѓа од Бог, а што од лажните пророци

Христијаните треба да бдеат над своите срца за да можат да го разликуваат она што доаѓа од Бог и она што доаѓа од лажни пророци – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 7 јануари во капелата на домот Света Марта. Папата истакна дека сите христијани се повикани да одат по Исусовиот пат, а тоа е – како што рече – патот на служењето и понизноста.

Коментирајќи ги зборовите на апостол Иван додаде: „Останете во Господ“, од првото литургиско читање, Папата нагласи дека свети Иван упорно повторува, а тоа ги опишува христијаните кои сакаат да останат во Господ: ќе спознае што му се случува во срцето. Папата вели дека не треба да се верува на секој дух, туку треба „да се разликуваат духовите“ да разликуваме тоа што ни овозможува да останеме во Господ од она што не одделува од Него.

Нашето срце секогаш е полно со желби, накани, мисли – рече Светиот Отец додавајќи дека мораме да се прашуваме каде тие нѐ водат, од каде доаѓаат. Нѐ водат ли до Господ или нѐ одделуваат од Него? Апостол Иван поттикнува „да го проверуваме тоа што мислиме и сакаме“. Ако тое е во согласност со Господовата волја, тогаш сѐ е во ред, но ако не е … Искушете ги духовите да видите дали доаѓаат од Бог, затоа што многу лажни пророци дошле на светот: пророци, пророштва и понуди – истакна Светиот Отец.

„Сакам да го направам ова!“ Но тоа не те води до Господ, уште повеќе те одделува од Него. Затоа е потребна будност. Христијанин е маж или жена кој бдее над сопственото срце. Нашето срце често, со сѐ што се случува изгледа како некој пазар, каде што има насекаде, зар не? Треба да испитаме – ова е од Господ, а ова не е – да останеме во Господ – истакна Папата.

Што е мерило за разликување дали нешто доаѓа од Бог или од антихрист? Свети Иван е јасен. Секој дух е од Бог ако го признава Исус Хритос, Овоплотениот; ако не го признава, не доаѓа од Бог туку од антихрист. А што значи да се признае дека Словото се овоплотило. Значи да се признае патот Исус Христос; да се признае дека Тој, бидејќи е Бог, кој се снижи, се понизи сѐ до смртта на крстот – објаснил Папата.

Ова е патот Исус Христос: намалување, понизност и понижување. Ако некоја мисла, некоја желба, те води на патот на понизноста, на намалување, служење на другите, тоа е Исусов пат. Но ако те води на патот на доволноста, испразнетост, горделивост, фантазии, тогаш не е Исусов пат. Да размислиме за искушувањето на Исус во пустината: сите три ѓаволски предлози сакаа да го одделат Исус од патот на служењето, понизноста и љубовта. Од љубовта која го открива со својот живот, зар не? На тие три искушенија Исус вели: „Не, тоа не е мој пат!“ – рече Светиот Отец.

Папата ги повика сите да размислат за тоа што се случува во нивното срце. За што размислуваме; што чувствуваме и сакаме, и да ги проверуваме духовите. Ги проверуваме ли своите мисли; копнежи и желби или сѐ прифаќаме? – праша Светиот Отец.

Нашето срце често е пат на кој сѐ поминува… Треба да испитаме. Знам ли што доаѓа од Господ? Го познавам ли вистинското мерило за распознавање на своите мисли и желби? Да размислуваме за тоа и да не заборавиме дека мерило е Овоплотеното Слово. Словото се овоплоти: тоа е Исус Христос. Исус Христос стана човек, Бог се овоплоти, слезе, се понизи од љубов за да ни служи на сите. Апостол Иван нека ни измоли милост да спознаеме што се случува во нашето срце и мудро да разликуваме што доаѓа од Бог, а што не доаѓа од Него – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот