Во среда, 16 декември 2020 година, на крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо ги повика верниците да го прослават овој Божиќ, кој го славиме во услови на пандемија, во духот на верата, надежта и љубовта, а не во духот на конзумеризмот.
Сакам да ги поканам сите да „побрзаат“ кон Божиќ, оној вистинскиот, односно раѓањето на Исус Христос. Оваа година нѐ очекуваат ограничувања и тешкотии, но да се потсетиме на Божиќ на Богородица и свети Јосиф: нивниот пат не беше секогаш послан со рози! Со какви ли само тешкотии се соочија! И со колку многу грижи! Но сепак, верата, надежта и љубовта ги водеа и ги поддржуваа. Така нека биде и со нас! Нека оваа неволја низ која поминуваме, исто така, ни помогне да го „исчистиме“ начинот на кој го доживуваме и го славиме Божиќ и да се ослободиме од консумеризмот: да биде повеќе верски, поавтентичен, поверодостоен – рече Папата поздравувајќи ги италијанските верници на Генералната аудиенција
Ватикан њуз/к.мк