Да ги прифатиме новостите на Светиот Дух

Христијаните кои остануваат на тоа „така секогаш се правело“ имаат затворено срце за изненадувањата на Светиот Дух и никогаш нема да дојдат до полнината на вистината затоа што се идолопоклоници и бунтовници – рече папата Фрањо на светата Литургија на 18 јануари во домот Света Марта.

Во првото читање Бог го отфрла Саул како цар на Израел затоа што го послуша народот, а не Господовата волја. Според папата Фрањо народот по победата во борбата сакал на Бог да му ги жртвува најдобите животни затоа што „секогаш така се правело“. Меѓутоа Бог тоа овој пат не го сакал. Пророкот Самуил затоа го опоменува Саул дека на Бог му е помила послушноста отколку сепаленици и жртви. На тоа нè поучува и Исус во Евангелието: фарисеите ги опоменуваат неговите ученици затоа што не постат како што „секогаш се правело“. Исус одговара дека не се крпи стара облека со нова крпа и дека не се става ново вино во стари мевови – рече Папата.

Значи ли тоа дека Исус го менува законот? Не – одговори Папата – туку тоа значи дека законот е во служба на човекот кој пак е во служба на Бог и дека човекот треба да има отворено срце. Тврдењето „секогаш така се правело“ претставува затворено срце, а Исус вети дека ќе го испрати Светиот Дух кој ќе нè воведе во целата вистина. Ако срцето е затворено за новостите на Светиот Дух никогаш нема да дојде до полнината на вистината, а христијанскиот живот ќе биде делумен, закрпен со нови работи, но со структура која не е отворена за Господовиот глас. Тоа е – рече Папата – затворено срце затоа што не може да ги менува мевовите.

Тоа според мислењето на Папата бил гревот на царот Саул заради кој е отфрлен, а тоа е и гревот на „многу христијани кои се фаќаат за она што секогаш се правело и не даваат да се променат мевовите“. Резултатот на тоа е „делумен, крпен и бесмислен живот.“ Гревот е „затворено срце“ кое „не го слуша Господовиот глас и кое не е отворено за Господовите новости, Светиот Дух Кој секогаш нè изненадува.“ Непокорноста – рекол пророкот Самуил – е како гревот на гатањето, а упорноста е како идолопоклонството.

Христијаните кои тврдоглаво истрајуваат во „секогаш така се правело“ го прават гревот на гатањето – заклучи Светиот Отец. Тоа е како да одат на гатач тврдејќи: „Тоа што е кажано не се менува; тоа што јас го слушам и што го чувствувам – во своето затворено срце – е поважно од Божјото Слово.“ Тоа е и гревот на идолопоклонството на тврдоглавоста – додаде Папата и затоа заклучи: Христијанинот кој е тврдоглав греши! Прави грев на идолопоклонство.“ А исправниот пат е – како што нагласи – отвореност на срцето на Светиот Дух и расудување на Божјата волја.

Во Исусовото време било обичај добрите Израелци да постат – објасни Папата. Меѓутоа постои една друга вистина: Светиот Дух Кој воведува во полнината на вистината. А за тоа му требаат отворени срца; срца кои не стврднале во гревот на идолопоклонството на самите себе како она што јас го мислам е поважно од изненадувањата на Светиот Дух.

Таа е пораката која денес ни ја пружи Црквата и тоа е она што Исус силно ни го зборува: „ново вино во нови мевови.“ Пред новостите на Духот, Божјите изненадувања и обичаите треба да се обновуваат – рече Светиот Отец завршувајќи ја хомилијата со молитва: Нека Господ ни даде милост во срцето кое е отворено за гласот на Светиот Дух, кој знае да расуди она што не треба да се менува – затоа што е основно – од она што треба да се промени за да може да се прими новоста на Светиот Дух.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот