Во мерката во која се отвораме за Божјата љубов и ја прифаќаме, можеме да станеме дар на љубовта за своите браќа, рече Папата за време на средбата со членовите на Италијанскиот институт за донирање во пресрет на Националниот ден на дарувањето кој во Италија се одбележува на 4 октомври.
Светиот Отец истакна дека таа Божја љубов на посебен начин се покажува на Последната вечера, каде Исус со своите ученици дава нова заповед на љубовта. Таа не било каква љубов, туку Исусовата љубов, која го даруваше својот живот за нас.
Светиот Отец ги потсети присутните дека најголемиот дар, кој Бог може да го даде на секому од нас, е животот кој е дел од вториот почетниот божествен дар – создавањето. Според тоа, сите ние треба да чувствуваме одговорност за да го чуваме создаденото и да се грижиме за него, бранејќи го од различни облици на деградација.
Папата смета дека спомнатиот Ден на дарувањето посебно е важен за децата и младите, учејќи ги да ги отворат своите умови и своите срца за братство и солидарност и да градат цивилизација на љубов. Папата Фрањо посака младите да откријат дека дарувањето значи слободно да дадеш дел од себе на другите. Дарувањето ги прави среќни како дарователите, така и даруваниот, и создава врска и односи кои ја зацврстуваат надежта за подобар свет – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк