Честопати нашиот живот е исполнет со математички операции, собирање и одземање.
Секој ден калкулираме за различни работи, но и за односи во нашиот живот. Кога размислуваме за нешто, каде би можеле нешто да вложиме, веднаш се прашуваме колку ќе ни се врати. Кога е потребно на некого нешто да дадеме очекуваме услуга за возврат. „Да се исплати“ е еден од најчестите зборови со кои се користат возрасните, но исто така и децата. Тоа е нашата пресметка во која ништо не сакаме да препуштиме на случајноста, во која ништо не сакаме да загубиме.
Но, Исусовата логика е поинаква. Бара од нас давање без очекување за возврат. Тоа понекогаш изгледа тешко, но кога еднаш ќе зачекориме во светот на евангелските вредности почнуваме да гледаме со други очи, почнуваме во себе да ја откриваме желбата да живееме таков начин на живот, затоа што само со таков став и вредности го пронаоѓаме вистинскиот мир во себе.
Кога малку ќе размислиме правењето добрина единствено нѐ прави среќни, ни дава убаво чувство за смислата на нашиот живот. Кога знаеме дека на некого сме му го промениле секојдневието на подобро и нашето секојдневие е подобро. Но, доброто треба да се прави и тогаш кога не е лесно, кога се противи со нашите интереси, кога после сето тоа ние губиме. Но, подоцна тоа остава една промена, подоцна овој свет останува подобар отколку што бил.
Кога сме подготвени на таква радикална промена на ставот можеме да кажеме дека сме тргнале по Исус. Сѐ останато е само чекор напред, а два назад. Вложете напор вашето животно размислување да биде поинакво од трговското гледање на верата, не барајте оправдувања за животот кој го живеете, туку барајте ја Божјата близина и ќе видете како работите во вашите животи ќе дојдат на свое место. Откријте го Бога во можностите кои секојдневните ваши прилики ви ги носат секојдневно и вие станете прилика за некој друг.
Марио Жувела/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк