Грузија ќе ги финансира и помалите верски заедници

Владата на кавкаската Република Грузија во иднина од државниот буџет, покрај Православната црква, ќе финансира и четири малцински верски заедници. Премиерот Иракли Гарибашвили, според информации од грузиските телевизии,

во понеделник 27 јануари на состанок во кабинетот ветил дека исламската и еврејската заедница, Арменската апостолска црква, како и Католичката црква ќе добиваат парични средства во склад со бројноста на верниците.

Со ова финансирање Владата покажува дека сите религии во Грузија се почитуваат еднакво, изјавил Гарабашвили. Повеќе од 80 % од 4,5 милион Грузијци припаѓаат на Грузиската православна црква. Неа државата веќе повеќе од десет години ја помага со високи износи. За муслимани се изјаснуваат околу 10 % од граѓаните, на Арменската апостолска црква припаѓаат околу 4 %, додека на Католичката црква припаѓа 1 % од населението во Грузија.

Во 2011 година за време на претседателот Михаил Сакашвил е донесен закон со кој за прв пат се признава правниот карактер и на малите верски заедници. Православната црква силно се спротивставуваше на тој закон и по тој повод организираше протести во главниот град.

ИКА/го*ко

Категорија: Свет

За авторот