Криптата во која, покрај гробовите на останатите Папи, е погребан и Јозеф Рацингер, е отворена за јавноста. Долга редица ходочасници чекаат од неделата наутро, да ја посетат гробницата, која се наоѓа на истото место каде што првично беа посмртните останки на Иван Павле II.
Последното почивалиште на земните останки на почесниот папа Бенедикт XVI во ватиканската крипта е отворено за посетители од недела, 8 јануари 2023 година.
Гробот на Бенедикт XVI, во кој неговото тело беше положено во четврток, на 5 јануари во присуство на мал број луѓе, се наоѓа под базиликата Свети Петар во Ватиканската крипта во близина на Гробот на Петар.
Наспроти олтарот во криптата е поставен едноставен бел мермерен камен со црн епиграф Benedictus PP XVI со две вазни цвеќиња. Наспроти него е саркофаг со телото на папата Пиј XI.
Јозеф Рацингер, според негова желба е погребан на местото каде што беше гробот на Иван Павле II. Во 2011 година, по беатификацијата, посмртните останки на Војтила се преместени од криптата на базиликата во олтарот на капелата Свети Себастијан, која е на влезот во базиликата Свети Петар. Закопоп на Бенедикт го предводеше папата Фрањо на 5 јануари. Ковчегот од чемпрес, во кој беа поставени Записот за побожната смрт – Rogito, монетите и медалите исковани за време на неговиот понтификат и палиумот, се поставени во ковчег од цинк, кој пак беше ставен во друг ковчег од даб.
Околу 160 Папи се погребани во криптата во базиликата Свети Петар.
Ватикан њуз/к.мк