Генерална аудиенција: Гревот разделува од Бог и од браќата

Генерална аудиенција: Гревот разделува од Бог и од браќата

Свесноста за нашите слабости е животно искуство, коe го зајакнува и отвора срцето, за да измоли од Божјото милосрдие преобразување и преобраќање. Нашиот грев нѐ одделува од Господ и од браќата. Тоа го истакна папата Фрањо на првата катехеза во новата година за време Генералната аудиенција со поклониците и верниците во Рим, која се одржа на 3 јануари 2017 година во ватиканската сала „Павле VI”. Пред илјадниците верници папата Фрањо го објасни значењето на покајничкиот чин на почетокот од светата Миса, продолжувајќи го циклусот катехези посветени на Светата Литургија.

Не бидете горделиви

„Што може Господ да му дарува на оној кој е со егоистично срце и е задоволен со своите успеси?, праша Папата. „Ништо”, одговори тој, „бидејќи арогантниот човек не е способен да добие простување, задоволен е од неговата наводна правда. Додека Цар Давид, цариникот, блудниот син, но исто така и свети Петар, Закхеј и Самаријанка имаа храброст да ја тргнат од лицето лажната маска и да го измолат Божјото милосрдие “, рече папата Фрањо.

Оној кој е свесен за своите слабости и ги наведнува очите понизно, во себе го чувствува милостивиот поглед на Бог. Од искуство знаеме – истакна Папата – дека само оној кој ги препознава грешките и бара прошка добива разбирање и прошка од другите.

Не е доволно да не правиме зло, мора да правиме добро

Папата Фрањо повика да признаеме дека „нашите мисли и постапки често се секуларни”. Затоа е и овој покајнички чин со општа формула на исповедање, која се изговара на почетокот на Литургијата и е во еднина. Исповеда дека „многу згрешив не само со мисли, зборови и дела, но исто така и со „пропусти“ или со неправење, бидејќи – истакна Папата – не е доволно да не се прави зло, туку треба да одлучиме да правиме добро, искористувајќи ја можноста да се даде добро сведоштво”.

Гревот ја прекинува врската и одвојува од Бога и од браќата

Оваа литургиска формула бара простување од Бога и од браќата, зашто нашиот грев нѐ одделува од нив. „Гревот – рече Папата – ја прекинува врската со Бог и со браќата, врската во семејството, во општеството и заедницата… Гревот секогаш прекинува: разделува и разединува”.

„Кога за време на оваа заедничка исповед се удираме во градите – појасни Папата – тоа значи дека признаваме дека гревот е моја вина, а не го вперуваме прстот во некој друг за да го обвиниме. Често се случува, од страв или срам, да го впериме прстот во некој, обвинувајќи го. Тешко е да се признае дека сме виновни, но добро е да го признаеме искрено”.

Застапништвото на Пресвета Богородица, ангелите и светите

„По исповедањето на гревот, ние молиме од Дева Марија, ангелите и светците да се молат на Господ за нас. Токму во тоа – рече папата – е непроценливо заедништвото со светците: застапувањето на овие пријатели и примери за живот нѐ зајакнуваат на патот кон целосното општење со Бог, кога гревот ќе биде конечно уништен”.

Покајничкиот чин завршува со простување од свештеникот, кој упатува молитва до Семоќниот Бог да се смилува над нас, да ни ги прости гревовите и да нѐ воведе во вечниот живот. „Но, тоа простување не ја поседува истата вредност на Таинството Исповед, бидејќи има тешки гревови, наречени смртни, кои го бришат божествениот живот во нас, и за да бидат простени има потреба од исповед и светотаинско простување”, предупреди Папата.

На крајот папа Фрањо потсети дека меѓу различните формули кои можат да се користат како покајнички чин е следната формулата „Смилувај се над нас, Господи/против тебе погрешив./Покажи ни ја Господи, твојата милост/и подари ни го твоето спасение”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот