Во Њујорк почина кардинал Едвард Мајкл Еган
Светиот Отец изрази сочувство за смртта на кардиналот Едвард Мајкл Еган, кардинал во мирување, кој почина на 5 март во Њујорк, на 83 годишна возраст.
Во телеграмата која му ја испрати на сегашниот надбискуп на Њујорк, кардиналот Тимотиј Долан, Папата на Бога му ја довери „благородната душа“ на благопокојниот кардинал, и со благодарност спомна за времето на неговата бискупска служба во САД, исто така и за неговата истакната служба при Апостолскиот Престол, како и за неговиот искусен придонес во измената на Кодексот на канонското право после Вториот ватикански собор.
Кардиналот Еган е роден во 1932 година во Оак Парк, во надбискупијата Чикаго, дипломирал по теологија во Рим на Папскиот Универзитет Грегоријана. Откако се вратил во Чикаго бил назначен за директор на бискупските комисии за екуменизам и меѓурелигиски дијалог. Во Рим повторно се вратил во 1972 година како судија на Римската рота, и на таа должност останал до неговата хиротонија заредување во 1985 година.
Освен тоа, за време на престојот во Рим предавал канонско право на Папскиот Универзитет Грегоријана, бил член на повеќе комисии на ватиканските дикастерии, и бил еден од експертите за канонско право кој заедно со свети Иван Павле II го прегледувал новиот Кодекс на канонското право пред неговото издавање, во 1983 година.
Во мај 2000 година беше именуван за надбискуп на Њујорк, и на таа должност останал до 2009 година. За кардинал беше именуван од свети. Иван Павле II на конзисториумот одржан во февруари 2001 година.
РВ/З.А.