Во Јемен убиени четири чесни сестри на Мајка Тереза

Група вооружени мажи утрото на 4 март 2016 година во Аден, Јемен, го нападнаа манастирот на сестрите Мисионерки на љубовта, заедница основана од Мајка Тереза од Калкута. Во нападот загинаа четири чесни сестри и нивните десет соработници, а поглаварката на манастирот сосема случајно ја избегнала смртта.

Две убиени чесни сестри се од Руанда, една од Индија и една од Кенија. Од штитениците нема загинато, а напаѓачите со себе го зеле свештеникот, салезијанец, кој живеел во манастирот, а во моментот кога бил нападнат манастирот се наоѓал во манастирската капела. Свештеникот бил гост од месец септември минатата година, кога вооружена група ја нападнале неговата црква во Адена и ја ограбиле.

Бискупот Паул Хиндер, апостолски викар за јужна Арабија, кој ја објави веста, смета дека „нападот е поврзан со религијата“. Знаевме дека ситуацијата е тешка, чесните сетри и претходни беа напаѓани, беа во опасност. И покрај тоа, одлучија да останат и да работат, бидејќќи тоа е дел од нивната духовност.

РВ/к.мк//го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот