Во центарот на светското внимание да се стави животот

Во центарот на светското внимание да се стави животот

Папата Фрањо го обнови својот апел за мир ширум светот, истовремено повикувајќи на заштита на децата во воените подрачја

Во обраќањето до верниците по молитвата Ангел Господов во недела 2 февруари 20245 година, папата Фрањо потсети дека на овој ден во Италија се одбележува Денот на животот со тема „Пренесување на животот – надеж за светот“ и додаде: Им се придружувам на италијанските бискупи изразувајќи благодарност до многуте семејства кои подготвено го прифаќаат дарот на животот и во охрабрувањето на младите парови да не се плашат да имаат деца. Го поздравувам италијанското движење за живот, кое слави педесет години. Ви честитам!

Покрај редовните поздрави до ходочесниците од Италија и светот, Папата најави дека во понеделник лично ќе учествува во работата на меѓународниот собир за правата на децата, насловен „Да ги сакаме и заштитиме“, кој се одржува во Ватикан. „Ова е единствена можност во центарот на светското внимание да се стави примарната вредност на човечкиот живот. Го повторувам моето НЕ на војната, која уништува сè, уништува животи… И да не заборавиме дека војната е секогаш пораз!, заклучи Светиот Отец, повикувајќи на молитва за мир во напатените Украина, Палестина, Израел, Либан, Мјанмар и Судан.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот