Во Струмица се одржа координативен состанок за синодалниот процес

Во Струмица се одржа координативен состанок за синодалниот процес

На состанокот епископот Стојанов ги претстави одредбите за текот на синодата, именува Комисија и координативно тело за спроведување на синодалниот процес, а деканот о. Зоран И. Стојанов приложи конкретни пасторални и молитвени активности

Веднаш по отворањето на Синодата со светата архиерејска Литургија на 17 октомври 2021 година во просториите на катедралната парохија во Струмица се одржа координативен состанок за Синодата „Синодалноста во Црквата, заедништво, учество, послание“.

Со состанокот претседаваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во присуство на свештеници од епархијата и Скопската бискупија, кој пред присутните ги претстави одредбите за почетокот на Синодалниот од за Црква во Македонија. При тоа тој зборуваше за подготвителните дејства, почетните фази, подготовката на прашалниците за советувањата, како и за анализа од советувањата, давајќи конкретни рокови за спроведување на истите.

За да може сето погоре да се спроведе доследно, сите ние треба да ја прифатиме важноста на овој потег и да бидеме подготвени да се вклучиме во имплементацијата – истакна бискупот Стојанов. За полесна координација, во Комисијата и координативното тело за спроведување на синодалниот процес тој по службена должност ги назначи деканите, о. Зоран И. Стојанов и дон Паво Шекерија. Главен и извршен координатор е о. Гоце Костов, додека за негови помошници се именувани о. м-р Ванчо Назов и о. м-р Атанас Сирачев. Членови се сите свештеници, додека паросите се извршни координатори во нивните парохии.

Бискупот Стојанов ги повика присутните на молитва и ги охрабри да бидат отворени за делувањето на Светиот Дух, кој прави сѐ ново, слушајќи ги луѓето со кои сме на заедничкиот пат, да најдеме нови начини Црквата во Македонија смело да го навестува Исус Христос како веродостеон одговор на потребите на денешниот човек – истакна епископот Стојанов.

Во продложение на состанокот деканот при Деканатот Свети Кирил и Методиј предложи низа пасторални и молитвени предлози кои ќе помогнат при реализацијата на синодалниот процес.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот