Во Струмица започнуваат катехезите на Неокатекуменскиот пат
Од 17 ноември 2014 година со почеток во 20.00 часот во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица – Струмица започнуваат Катехезите на Неокатекуменскиот пат, кои ќе се одржуваат секој понеделник, среда и петок.
На нив се повикани, млади и возрасни и сите кои сакаат да го запознаат Исус Христос.
Неокатекуменскиот пат во Струмица е присутен скоро 20 години во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ и низ овие години катехзите ги имаат слушнато околу 500 луѓе.
Ова движење во Црквата е започнато пред 50 години во Шпанија, а негови зачетници се Кико Аргуељо и Кармен Хернандез, на кои покасно им се приклучува и отец Марио Пеци.
Статутите на Неокатекуменскиот пат дефинитивно се одобрени од Црквата со Декрет од Папскиот совет за лаици, од 11 мај 2008 година, потпишан од кардинал Станислав Рилко, претседател на Советот.
Во повеќе наврати и на различни начини светиот папа Иван Павле II го истакнува изобилството на плодовите од радикалното живеење на Евангелието, како и мисионерскиот жар, кој Неокатекуменскиот пат го внесува во животот на верниците лаици, семејствата, парохиските заедници, како и изобилството на свештенички и монашки живот, поради што се нарекува и „итинерариј за католичка формација корисно за општеството и денешното време. (сп. AAS 82 [1990] 1515-1515)
к.мк