Во Скопската катедрала се служат Утрински Миси
Во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје за време на Адвентот секој ден во 6,30 часот наутро, освен недела се служат Утрински Миси.
Утринските Миси ја симболизираат иднината на христијаните во времето на подготовка за таинството на Христовото раѓање, но и последното Христово доаѓање на свршетокот на времињата. Овие Миси укажуваат дека за Божиќ, Бог доаѓа кај човекот, но и дека Бог го очекува доаѓањето на човекот.
На присутните верници во катедралата скопскиот парох дон давор Топиќ рече дека прв пат во историјата на оваа катедрала се слават Утрински Миси, што значи дека со ова славење влегуваме во историјата, а секој христијанин е повикан со својот живот да пишува историја.
Со присуството на Утринските Миси, правејќи жртва ќе ја доживееме силата и убавината на Божиќ – Христовото раѓање преку дарот на, рече на првата Утринска Миса скопскиот парох.
За време на Мисата се моли Утринската молитва од Часословот, а на првата Утринска Миса присуствуваа околу 30-тина верници.
к.мк