Во светот гладуваат 805 милиони луѓе

Во светот од глад страдаат 805 милиони луѓе. Таа бројка беше објавена во извештајот за општиот показател на гладот, која изминативе денови во Милано ја претстави организацијата’Соработка и развој’ (CESVI – Cooperazione e sviluppo), невладина организација која се залага за солидарност во светот. Во Африка, од четири жители еден е хронично неисхранет, додека во Азија има повеке од 500 милиони гладни луѓе. Оваа година ситражувањето беше фокусирано на сокриениот глад, познат и како недостаток на микроелементите, од кој се погодени 2 милијарди луѓе.

Коментирајќи ја таа информација во интервјуто за Радио Ватикан, Џанџи Милези (Giangi Milesi), претседател на гореспоменатата организација, истакна дека општиот показател на гладот е најистенчениот и најсложениот показател кој ги користи сите достапни информации на светско ниво, користејќи информации не само за возрасната популација, туку многу повеќе за малолетната популација и смртноста кај децата. Така ни дава да погледнеме кон иднината, и ни овозможува подобро да ги разбереме аспирациите – рече Милези.

Но притоа забележувајќи дека показателите охрабруваат во борбата против гладот, бидејќи се гледаат резултатите, Милези рече дека, всушност, во последните десет години гладот значително се намалил. Проблемот е, сепак – додаде – што 805 милиони луѓе се сеуште хронично неисхранети. Овие луѓе се концентрирани во Африка, каде што сеуште од четири жители еден е неисхранет, како и во јужна Азија, каде што има повеќе од 500 милиони гладни луѓе – рече Милези и истакна за проблемот за сокриениот глад, односно фактот дека освен храната од која се лишени бројни луѓе, недостасува и соодветна прехранбена диета; недостасуваат, всушност, микроелементи, недостасуваат витамини и минерали, а сето тоа носи драматични последици на човечкиот развој. Го нарекуваме сокриен глад затоа што не се гледа, но каснењето во растот и развојот на луѓето, како и смртноста кај децата се големи– објасни Милези и истакна дека сокриениот глад се однесува и на населението од западните земји, затоа што неправилната исхрана е една од причината за дебелеење.

Напоменувајќи потоа дека овие години најмногу се зборувало за Сомалија, затоа што таа е една од многуте области за кои нема податоци, Милези истакна дека во извештајот е наведено тоа што организацијата ’Соработка и развој’ работи во случаите каде има војни и насилства; а токму војната и насилството се – како што рече – една од многубројните причини на неисхранетоста.

На новинарското прашање каква е состојбата во Италија, Милези изјави дека голем проблем е губитокот на храна. Се проценува, всушност, дека во светот една третина од храната не се искористува, се уништува или пропаѓа. Храна има за сите луѓе и ќе има за уште понаселена планета, но треба да ги промениме своите прехранбени навики и тоа пред сѐ заради сопственото здравје, како и заради здравјето на 805 милиони гладни луѓе кои живеат заедно со нас на нашата планета Земја – рече на крајот претседателот на организацијата ’Соработка и развој’.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот