Во Радово прославен патрониот празник

Во недела 2 август 2015 година со света Архиерејска Литургија предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзархат во Македонија парохијата во Радово го прослави својот патрон свети пророк Илија. На Литургијата сослужуваа и голем број свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во својата проповед владиката Стојанов се осврна на животот на светиот пророк Илија, како и на неговата важност за денешниот христијанин.

На крајот од светата Литургија парохот о. д-р Зоран И. Стојанов се заблагодари на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов за неговото присуство и поучно слово, како и на свештениците и сите оние кои помогнаа околу прославата на патрониот празник.

Свеченоста заврши со благослов на заедничкиот ручек – Агапе, подготвен од одборниците на црквата Свети пророк Илија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот