Во Радово е погребена Велика Стојанова, мајка на владиката Киро Стојанов

Во Радово е погребена Велика Стојанова, мајка на владиката Киро Стојанов

Во четврток 26 август 2021 година во Радово е погребена Лика Стојанова, мајка на монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх. Погребниот обред го предводеше катедралниот парох, протоереј ставрофор о. Георги Трајков, кој одржа и пригодна проповед. На погребот присуствуваа свештеници од Струмичко – скопска епархија и Скопска бискупија, чесни сестри од Македонија и регионот, како и бројни роднини, пријатели и верници од Радово, Македонија и регионот.

Отец Зоран И. Стојанов, син на покојната Велика, во име на семејството упати благодарност до сите оние кои сочувствуваат со нивното семејство.

Поткрепена со светите Тајни, Велика Стојанова почина на 25 август 2021 година на 90 годишна возраст. Родена е на 5 февруари 1931 година во Радово. Во брак стапува со Илија Стојанов и од тој брак им се родија пет деца од кој еден епископ, еден свештеник и две чесни сестри, кои се во монашката заедница на сестрите Евхаристинки.

к.мк

Почина мајката на бискупот Стојанов

Кардинал Пуљиќ изрази сочувство до бискупот Стојанов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот