Во петок 21 февруари 2025 година околу 16.30 часот, десната страна пред влезот на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, беше зафатен од пожар, предизвикан од запалена свеќа поставена на работ од садот наменет за палење свеќи.
Благодарение на Бога, застапништвото на Пресвета Богородица и брзата интервенција силниот оган е изгаснат со помош на противпожарен апарат.
И покрај големиот оган и нанесената мала материјална штета, Бог повторно го објави своето присуство затоа што иконата на Пресвета Богородица, иако беше во огнот остана потполно неоштетена.
Под застапништвото на Пресвета Богородица, нека е слава и чест на нашиот Господ во вечни векови.
к.мк