Во Нова Маала и Чанаклија се молеше за мир во Украина
Парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала со филијалата „Свети великомаченик Георги” – Чанаклија на 18 мај 2014 година се вклучи во заедничкиот молитвен ден за мир во Украина.
По светата Литургија се молеше молебен до Пресвета Богородица за мир во Украина. По тој повод истиот ден од 17.00 часот во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица се молеше Света Бројаница и имаше одредено време за медитирање, набожни песни, а во 19.00 часот со молебен до Пресвета Богородица заврши бдението.
Под мотото „Македонија моли за мир во Украина“, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов 18 мај 2014 година го прогласи да биде ден на молитва за мир во Украина во Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопската бискупија.
о.С.Р.
Категорија:
Македонија