Во недела 28 септември Светиот Отец ќе слави света Литургија со дедовци и баби од целиот свет

Папата Фрањо во недела 28 септември 2014 година на плоштадот Свети Петар ќе слави света Литургија со стари лица, дедовци и баби од целиот свет. Средбата е насловена „Благослов на долгиот живот“, а е по иницијатива на Папскиот совет за семејство.

Објаснувајќи го настанот, главниот иницијатор , претседателот на Папскиот совет за семејство архиепископот Винченцо Паглија, пред сѐ истакна дека тој настан поаѓа од фактот дека староста не е пропаст, туку повик. Му благодариме на Бог, животот е сѐ подолг – тоа го дозволува општеството – но од друга страна таа тема не е доволно разгледувана – рече архиепископот. На таа тема не се размислува во политиката, ниту во економијата, а ниту пак во културата.

Поради тоа со овој настан сакаме да го привлечеме вниманието на сите луѓе за важноста на тој период од животот. Треба да се истакне дека старите лица не се само предмет на внимание и грижа, туку тие исто така тие се нов излгед на животот. Затоа треба да се размислува за нивната старост, нивното заземање во светот и Црквата. Но и заземањето на Црквата за нив – напомна архиепсикопот Паглија.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот